„Македонска звоне звона, стигосмо до Лисабона“ – Фановите од Балканот не поддржаа со песна пред мечот во Порто – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/22 3:38 PM

„Македонска звоне звона, стигосмо до Лисабона“ – Фановите од Балканот не поддржаа со песна пред мечот во Порто

Фејсбук страницата „Istorija ex yu fudbala“  го негува спортското богатство на југословенскиот фудбал по чиј квалитет копнеат многу постари генерации. Денеска сите фанови од Балканот се сплотени и навиваат за македонската фудбалска репрезентација која вечерва има можност да ја совлада Португалија во Порто и да се пласира на Светското првенство во Катар што би било еднакво на чудо. Еден од фановите напишал песна за Македонија насловена „Напред Македонијо!“, но поради автентичноста и римувањето ќе ја споделиме во оригинална форма.

„NAPRIJED MAKEDONIJO!!!

Makedonska zvone zvona
Stigosmo do Lisabona
Kome krivo,kome pravo
Utišat ćemo Dragao

Pirineji tako mali
Pod sjene su Šare pali
Prvak Europe isto pao
Past će i ,,selesao,,

Lisabonom pjesma odjekuje
Ubavo devojče po svuda se čuje
Kristiano ti večeras nemoj biti ljut
Ići ćeš na svjetsko…ali drugi put“

Оваа фан група има архива од стотици слики само од нашиот најтрофеен фудбалски клуб Вардар.

„Екс ју фудбалска историја, најпозитивна ФБ страница без никакви поделби и дилеми, во слава на фудбалските мајстори од земјата која повеќе не постои. Историски слики на фудбалски клубови и фудбалери од поранешна Југославија од крајот на 19 до крајот на 20 век“, велат администраторите на популарната страница на која огромен број на фанови и изразуваат поддршка на македонската репрезентација.

О.К.

фото: ФФМ