На голем екран со димензии 6 на 4 метри поставен на плоштадот „Слобода“, штипјани и нивните гости заеднички ќе можат да го проследат фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Португалија. Општината Штип, која е организатор на настанот, ги повика граѓаните да дојдат и навиваат во рамките на заедничкото гледање на фудбал во 20:30 часот. Видео бимот и високите маси ќе бидат единствените реквизити на плоштадот.
Според информациите од Општината Штип, засега нема предвидено друга програма, туку фудбалот е во центарот на вниманието. Од исходот на натпреварот ќе зависи и текот на вечерта. Победите на македонските спортисти покажаа дека штипјани знаат многу емотивно да ги доживеат и заеднички да ги слават.