Алгоритам: Најдобрата возраст за брак е 26 години – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/22 5:00 PM

Алгоритам: Најдобрата возраст за брак е 26 години

Луѓето се различни и секој има различно разбирање за тоа кога е вистинското време за брак, но сепак, научници тврдат дека, со помош на алгоритам, откриле кои години од животот се најблиску до идеалноста за стапување в брак.

Според оваа теорија, откако „ќе минете 37 отсто од временската рамка од 18 до 40 години – тогаш сте стигнале до совршената точка” каде што треба да одлучите. Том Грифитс и Брајан Кристијан, автори на „Алгоритми на живеењето: Компјутерската наука на човековите одлуки” (Algorithms to Live By: The Computer Science of Human Decisions), пресметале дека најдобрата возраст за брак е – 26 години.

– Ако просечниот човек бара совршен партнер кога има 18 – 40, тогаш возраста од 26 години е идеална, бидејќи тоа е 37 отсто од поставената временска рамка од тие 22 години, објаснуваат стручњаците.

Според ова, ако сте помлади или постари од 26 години кога ќе стапите во брак, ќе се расправате премногу со партнерот и бракот ќе биде нефункционален.

Социологот Николас Х. Волфингер од Универзитетот на Јута не се согласува со оваа теорија и верува дека најдобрата возраст за стапување во брак е меѓу 28 и 32 години, што е повеќе од 45 отсто од временскиот рок од 22 години.

Се разбира, правилото од 37 проценти не е совршено, бидејќи навистина не зема предвид дека вкусот на една личност може да се промени на возраст од 18 до 40 години и дека во подоцнежните години можеби ќе бара нешто различно од партнерот во споредба со младоста.

МИА