Гратис влезница од ФФМ, патот сами си го платиле обвинителката Фетаи, министерот Тупанчевски и судијата Нанев – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/22 6:36 PM

Гратис влезница од ФФМ, патот сами си го платиле обвинителката Фетаи, министерот Тупанчевски и судијата Нанев

Една навидум „споредна“ фотографија од стадионот во Палермо, каде се играше квалификацискиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Италија и натаму бранува во македонската јавност. Вишата обвинителка Фатиме Фетаи, во друштво на министерот за правда Никола Тупанчевски и судијата и претседател на Основниот суд од Кавадарци, Лазар Нанев на фотографијата навива за македонската репрезентација. Како се нашле на стадионот и уште поважно кој платил, беа прашањата на кои јавноста побара одговор. Од Антикорупциска исто така ова е очекуван одговор.

Два дена по натпреварот актерите од фотографијата појаснија дека во чертер летот, заедно со фудбалската репрезентација, биле на свој трошок. Значи, патот сами си го платиле, но влезниците за стадионот, сепак ги добиле бесплатно од Фудбалската федерација на Македонија.

Според прес службата на ФФМ, тоа се гратис влезници што и’ следуваат и понатаму  ги дава (подарува).

Фетаи најави дека ќе ги даде документите на увид на јавноста, како доказ дека навистина сама си го платила патот.