Девојка од Скопје тешко повредена во престрелка во Чикаго, се собираат донации за операција – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/22 3:22 PM

Девојка од Скопје тешко повредена во престрелка во Чикаго, се собираат донации за операција

Македонската државјанка Ана Бранковиќ Јовановиќ од Скопје била жртва на вооружен напад кој се случил на нејзиното работно место во Чикаго. Ана (31) која пред неколку години заминала во САД, е погодена на три места, во рамото, колкот и во ногата.

На социјалните мрежи се појави апел за донации во кој, како што пишува, девојката била жртва на вооружен напад на работно место од страна на вработен и повредена е на три места.

„Ана Бранковиќ Јовановиќ е жртва на вооружен напад, беше напдната на работно место од страна на предходен вработен и стекна повреди на три места. Погодена е на три места, рамо, колк и во нога. До сега успешно и се направени две операции и следува подолг период на рехабилитации и оздравување. Ни треба вашата помош за да можеме ги подмириме болничките трошоци. Ви благодариме“.

Досега се собрани 72.000 долари од потребните 200.000 долари.

Според српските медиуми, вооружениоот напад се случил пред еден ден кога смртно бил застрелан Никола Мишовиќ од Србија. Напаѓачот, Афроамериканецот Џереми Спајсер се самоубил.

Според сведоците кои биле сведоци на убиството, ова кривично дело може да се окарактеризира и како кривично дело засновано на етничка омраза.

Осомничениот за убиството, Џереми Џером Спајсер од Арканзас, кој го убил Мишовиќ само неколку дена откако бил ангажиран на негово барање, претходно работел во друга компанија сместена во истата зграда, каде што бил отпуштен поради недолично однесување и непрофесионалност.

„Пред фирмата на Никола „Винерс Фрајт“, возачот работел во фирмата „Форс“, која е во сопственост на Македонец. Но, поради многуте Срби кои ги сретнал во зградата и на работа, се уверил дека компанијата е српска, а доказ за тоа е тоа што пред да пука во Никола, тој викал по ходниците: „Мразам Срби!“ Сите сте исти…!“ изјави за српски Тајмс еден од сведоците кој се нашол во зградата за време на убиството.

Откако го убил Мишовиќ, Спајсер не застанал, туку отишол во фирмата „Форс“ од која претходно бил отпуштен и ја застрелал Ана која моментално е во болница на интензивна нега.

Според српски Тајмс, повредената девојка Ана Бранковиќ била погодена со три куршуми – во ногата, рамото и раката. По итната операција, лекарите успеале да и ја спасат ногата, а има уште една операција на раката, како и третман на психичка траума. Повреден е македонски државјанин, родум од Скопје.

извор: serbiantimes.info/Facebook

фото: Facebook