Пратениците од Левица поднесоа предлог на закон со кој ќе се намалат патарините за 50%. Со истиот, се предвидува висината на износот за патарините и уредувањето на начинот на наплата на истата да мора да ги помине собраниските филтри, наместо досегашното решение истите да се во надлежност на Владата.
„Повторно, како и во случајот со зголемувањето на минималната плата, пратениците од Левица се покажаа како иницијатори на целиот процес за намалување на патарините, бидејќи по поднесувањето на овој предлог, од Владата и министерот Бочварски известија дека е потребно да се преземат чекори во тој правец.
Доколку пратениците од Левица не ја иницираа оваа постапка, за намалување на износот на патарините, ќе останеше само да се зборува во медиумите, без преземање на конкретни дејствија во таа насока“, соопштија од Левица.