Стела Морис пристигна во затворот во Лондон, за да се омажи за Џулијан Асанж, основаќот на Викиликс, кој е на издржување на затворска казна.
Стела беше облечена во невестински фустан, креација на познатата дизајнерка Вивиен Вествуд.
-Не знам што да кажам. Многу сум среќна, но и многу тажна. Посакувам тој да беше тука, рече невестата пред новинарите.
Стела сама ја пресече невестинска торта, а потоа си замина.
На свадбата присуствувале само четворица гости и двајца сведоци.
Пред затворот биле и нејзиниот татко и двајцата синови кои ги има со Асанж.
Фото: Принтскрин Јутјуб