СВР Штип доби нов началник. На местото на досегашниот началник Марјан Коцев, кој заминува во пензија, поставен е м-р Боби Гидиоски.
Гидиоски досега ја извршуваше функцијата Началник на Одделението за внатрешни работи Свети Николе.
Началникот Боби Гидиоски е дипломиран правник – магистер по политики, со над 25 години работно искуство во безбедносните служби.