Пред два дена гламурозната сопруга на украински тајкун и политичар падна на унгарската граница со куфери полни со кеш.
Според извештаите на медиумите ширум светот, во куферите имало милиони евра во готовина. Парите во американски долари и евра ги забележала унгарската царина.
Таа е Анастасија Котвицки, а нејзиниот сопруг е поранешниот украински пратеник и тајкун Игор Котвицки.
Котвицки бил најбогатиот украински пратеник, а за медиумите изјавил дека неговата сопруга ја напуштила Украина за безбедно да го роди нивното дете. Тој негираше дека во куферите имала 28 милиони долари и 1,3 милиони долари.
Ukrainian media report that the wife of former MP Kotvytskyy tried to take $28 million and 1.3 million euros out of #Ukraine via #Zakarpattya.
The money was found by the #Hungarian border guards and forced to declare it. pic.twitter.com/ZCjDlIxdwB
— NEXTA (@nexta_tv) March 20, 2022
„Сите пари ми се во украински банки, ништо не сум подигнал“, се бранеше на социјалните мрежи.
Анастасија Котвицка, која наводно патувала со нејзината мајка и двајца Унгарци, не ја објавила својата верзија за настаните на границата. Според „Украински Обсервер“, таа не пријавила поголема сума пари на контролниот пункт „Вилок“ на излез од Украина, но унгарските цариници ги пронашле парите во нивниот багаж. Котвичка потоа даде изјава дека парите ги донела во Унгарија, членка на Европската унија.
Пред војната во Украина живеела доста луксузно. Уживала да купува брендирана облека, бунди и скап накит, а сакала и луксузни автомобили.
Таа минатата година се омажи за Котвицки, кој е 20 години постар од неа. Пред бракот била службеничка во управата во Харков. По нејзиниот брак, таа стана претприемач и го основаше Геос.
Како негов бранител во јавноста се појави неговата ќерка Виолета (24), која на социјалните мрежи напиша дека целата приказна е лажна. Виолета, која Котвицки ја доби во првиот брак со ректорот на Националниот универзитет за фармација, Ала Котвицки, се школувала во Швајцарија.
Украинскиот кривичен закон предвидува затворска казна од три до шест години.
Котвицки, наводно, ги контролира нуклеарните енергетски системи на Украина и наоѓалиштата на ураниум и има блиски деловни и политички врски со поранешниот министер за внатрешни работи Арсен Аваков. Тој беше пратеник во украинскиот парламент од 2014 до 2019 година.
View this post on Instagram
Извор: index.hr
Фото: Фејсбук/Инстаграм