Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска побара од Италија да ја заплени јахтата „Шехерезада“ вредна 700 милиони долари, која се поврзува со шефот на руската држава Владимир Путин.
Во обраќањето пред парламентот во Рим преку видео врска, Зеленски рече дека Путин и неговите богати соработници често одат на одмор во Италија и дека целиот имот во таа земја треба да им биде замрзнат.
Have a look at this wonderful yacht called Scheherezade. It’s been talked about for a while. The rumour is it belongs to Vladimir Putin. But there is not much proof, only talks. And that’s why it hasn’t been arrested yet. It just sits there in the port of Carrara (🇮🇹). pic.twitter.com/1vnYDREc0Z
— Maria Pevchikh (@pevchikh) March 21, 2022
„Не бидете одморалиште на убијци. Блокирајте го нивниот недвижен имот, сметки и јахти, од „Шехерезада“ до најмалата“, им рече Зеленски на италијанските пратеници.
Јахтата долга 140 метри има два хелиодроми и 40 членови на екипажот и може да прими 18 гости.
Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека неговата влада запленила имот на руски бизнисмени во вредност од над 800 милиони евра, како дел од санкциите на Европската унија против Москва.
Извор: Пинк.рс
Фото: Твитер