Половина од германските компании кај нас сметаат дека растот на платата ја зголемил продуктивноста – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/22 10:54 AM

Половина од германските компании кај нас сметаат дека растот на платата ја зголемил продуктивноста

Делегацијата на германското стопанство спроведе анкета помеѓу германските инвеститори во земјата која се однесува на измените во Законот за работни односи, односно за забраната за работа во недела и за зголемувањето на минималната плата.

Анкета претежно е одговорена од страна на германските инвеститори во земјата кои пред се работат во автомобилската индустрија и вработуваат повеќе од 20 000 лица во земјата, но и неколку домашни компании го дадоа својот федбек.

„Кај 39 проценти од стопанствениците нема зголемување на трошоците кои се однесуваат на персоналот со воведување на ден недела како ден на неделен одмор, но кај 12 проценти од нив има раст на трошоците поголем од 30 отсто, додека кај останатите испитаници растот е помеѓу 10 и 30 проценти. Дури 65 проценти од анкетираните компании не успеале да ги предвидат зголемите трошоци при изготвувањето на буџетот за деловната 2022 година кои ги предизвика измената на Законот за работни односи, недела да биде задолжителен неработен ден.

Зголемувањето на минималната плата кај 39 проценти од анкетираните компании има влијае на висината на другите плати кои ги исплаќа фирмата. 33 проценти од компаниите успеале при изготвувањето на буџетот за 2022 година да го земат во предвид зголемувањето на минималната плата, додека 67 проценти не го превиделе ова покачување. 67 отсто од компаниите повисоките трошоците за персоналот ги компензираат со намалување на фиксните трошоци“, стои во анкетата.

На прашањето дали компаниите се изложени на ризик да ги изгубат нарачките поради зголемените трошоци за вработените, 73 проценти од компаниите одговориле дека не пости ризик.
84 проценти од компаниите сметаат дека има простор за подобрување на дијалогот помеѓу нив и Владата во процесот на креирање политики и носење нови законски решенија предложени од Владата.

Дури 56 отсто од компаниите сметаат дека Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германско стопанско здружение треба со свои предлози да бидат вклучени во процесот на Владата при креирање на политики.

Во однос на прашањето, дали се зголемила продуктивноста на вработените низ годините на ниво на зголемувањето на платите, 50 отсто од анкетираните компании сметаат дека има зголемување, додека останатите 50 проценти сметаат дека не се одвива пропорционално.

На последното прашање дали сметате дека покачувањето на минимална плата го прави пазарот се уште конкурентен во однос на Турција, Бугарија, Тунис, Мароко и Србија, резултатот е еднаков.

33,33 отсто одговориле со Да, исто толку компании одговориле со Не, а тоа го сметаат за Делумно подеднаков процентот на компании.

извор: Делегација на германски стопанственици

фото: Влада.мк