Англискиот фудбалски шампион Манчестер сити оствари најголем приход минатата сезона, покажува извештајот „Мани лиг” (Money League), кој традиционално веќе 25 години го објавува ревизорско – консултантската компанија „Дилојт’ (Deloitte).
Сити остварил приход од 644,9 милиони евра, што е зголемување од 17 отсто во однос на минатата година и 4,2 милиони евра повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.
Клубот од Манчестер една сезона претходно беше шесто рангиран на листата на „Дилојт”, а сега првпат е клуб со најголем приход.
Приходите на Манчестер сити во изминатите 25 години, откако се објавува истражувањето на „Дилојт” пораснале од 14 милиони евра на 644,9.
Трет е Баерн Минхен со 611,4 милиони евра, додека Барселона, која сезона претходно беше прворангирана, падна на четвртото место со приход од 582,1 милини евра.
МИА