Вистинската мајка го напуштила поради неговиот синдром, а денес тој е среќен и успешен семеен човек – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/22 9:00 PM

Вистинската мајка го напуштила поради неговиот синдром, а денес тој е среќен и успешен семеен човек

Кога неговата мајка била бремена, никогаш не се посомневала дека ќе роди дете кое ќе биде сосема поинакво од другите луѓе.

Бебето го видела само еднаш на породување пред да го напушти породилиштето во солзи, оставајќи зад себе дете родено со Тричер Колинс синдром. Оваа болест се јавува еднаш во педесет илјади бебиња. Болеста се изразува во отсуство на некои ситни коски на лицето, деформитет на ‘рскавицата и мускулите на лицето.

Бидејќи никој не дошол да го земе детето, го однеле во дом за сираци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jono Lancaster (@jonolanc)


Џоно Ланкастер го поминал своето детство во згрижувачки семејства и во сиропиталиште. По неколку години, една жена решила да го посвои. Но, тоа не му помогнало на момчето да се прифати себеси и неговото лице.

Само на 19-годишна возраст, тој конечно најде сила да се сака себеси благодарение на љубовта и поддршката од семејството и пријателите.

“Мајка ми е неверојатно натчовечко суштество со најголемо срце и таа е секогаш тука за мене. Имам прекрасни пријатели и голема поддршка. Тие никогаш не престанаа да ме сакаат и да ме поддржуваат”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jono Lancaster (@jonolanc)

Денес, Џоно е возрасен, зрел човек кој се обидува да води нормален живот. Никогаш не бил во искушение да ги бара своите родители, бидејќи мислел дека не ги интересира неговиот живот.

Овој неверојатен човек создаде живот што може само да го посака: опкружен е со голем број пријатели кои тврдат дека секогаш е подготвен да помогне во тешките периоди од животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jono Lancaster (@jonolanc)

Џоно нашол сродна душа во својата најдобра пријателка, со која се оженил и која му родила две деца: син и ќерка. Синот е потполно здрав, додека за жал, другото бебе пристигнало со истата болест која ја има Џоно. Сепак, родителите се сигурни дека ова дете ќе има среќен и долг живот бидејќи секогаш ќе стојат покрај него.

Во 2017 година, Џоно, заедно со двајца негови најдобри пријатели, ја основаа добротворната организација Love Me Love My Face – која им нуди поддршка на оние кои живеат со разлики во лицето ширум светот, како и помош со медицински материјали и операции.

Тој денес е многу среќна и задоволна личност.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/