Одлуката на Претседателот Стево Пендаровски да го помилува Абдуљфета Алими, членот на собраниското обезбедување, кој беше осуден за настаните од 27 април, ја коментираше Зијадин Сила, кој тогаш беше нападнат и во тешка состојба пренесен во болница.
Пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците тврдеше дека Алими му го спасил животот. Пендаровски, по одлуката објавена вчера во „Службен весник“, делумно ги помилува Алими, скратувајќи му ја затворската казна за осум месеци.
-Неизмерно се израдував за Фета, за кого осум месеци помилување не се ништо во однос на неправедната осуда од седум години затвор. Мора да си слободен и да не простуваш, пријателе. Благодарение на тебе сум жив!, напиша Села.
Алими беше осуден, затоа што го дал клучот од собраниските врати на началникот на обезбедувањето на Трајко Вељановски, Дејан Ѓошевски. На снимката се гледа дека вратата ја отвораат Крсто Мукоски и Сашо Василевски, по што влегува толпа луѓе, кои ги пречекува Јохан Тарчуловски. Мукоски и Василевски добија амнестија.
Фото:ФБ