Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов е приведен од полицијата во рамките на заедничка акција на европското обвинителство и националната полиција.
24 часа јавува дека вечерва полицијата влегла во домот на Борисов, а објаснувањето било дека спроведува „итна проверка”. Информацијата е потврдена и од партијата на Борисов, ГЕРБ.
Исто така, приведени биле и министерот за финансии во владата на Борисов, Владислав Горанов, поранешната шефица на Комисијата за буџет во бугарскиот Парламент, Менда Стојанова и портпаролката на Борисов, Севдалина Арнаудова.
Бугарскиот премиер Кирил Петков вечерва се огласи со објава на Фејсбук и напиша: „Никој не е над законот”.
извор: 24chasa.bg
фото: Влада.мк