Испив малку џин, малку самбука и вино. Потоа нарачав такси. Следното утро ми се јавија од банка за чудните активности на мојата картичка, изјави Британката Леони Фидес (34)
„Здраво, се јавувам од Свинтон, што е со такси? Дестинација? Украина“ – Така по пијанството Британката Леони Фидес (34) порачала Убер такси бидејќи, како што вели, сакала да им помогне на Украинците кои се бранат од руска агресија. Рутата беше Свинтон, Англија – Украина.
Ден по лудата ноќ која го прославила роденденот со пријателите, не ни знае зошто повикала такси.
Таа вели дека некој во друштвото ја отворил темата за Украина и едноставно се занесла, пренесува Daily Mirror.
– Испив малку џин, малку самбука и вино. Потоа нарачав такси. Следното утро добив повик од банката за чудните активности на мојата картичка. Ме предупредија дека немам доволно на сметката за таа трансакција – рекла Леони и открила дека сметката била околу 5.000 евра.
– Мило ми е што не ми ги симнаа од картичката. Имам 34 години, требаше да бидам попаметна. Uber ја прифати рутата, но за среќа немав доволно пари. Дури пред некој ден се сетив што сум направила. Со еден пријател планиравме да одиме во Украина за да им помагаме на луѓето. Не знам што ќе се случеше да ми ги земат парите и да влеземе во такси. Се сеќавам дека после тоа чекавме час и половина за друго такси да се вратиме дома. Uber ја прифати мојата рута до Украина и не можеше да ме однесе до куќата која ми е оддалечена 10 минути возење, рече Леони.
извор: 24sata.hr
фото: www.manchestereveningnews.co.uk/