Руските специјалци го ликвидираа најдобриот снајперист, само 20 минути откако излезе на фронт – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/22 5:18 PM

Руските специјалци го ликвидираа најдобриот снајперист, само 20 минути откако излезе на фронт

Озлогласениот канадски снајперист со прекар Вали наводно бил убиен во Мариупол на неговиот прв ден на фронт, пишува Дејли Мејл..
Според непотврдени информации, Вали бил ликвидиран од припадници на специјалните единици на руските специјални сили само 20 минути откако ја презел положбата.
Вали пред неколку дена се огласи од фронтот во Киев и ги предупреди руските војници дека ги чека „уште еден Сталинград“.


Учествувал во војните во Авганистан и Ирак, а неодамна отпатувал во Украина за да се вклучи во борбата против Русија.
– Не ми се допаѓа идејата да пукам во никого. Но, кога ќе дојде време да се повлече чкрапалото, нема да се двоумам. Ако Путин навистина го сака Киев, ќе мора да плати огромна цена. Никој не сака Руси овде и сите ќе се спротивстават. Загубите што можеме да им ги нанесеме се луди. Тој ќе изгуби толку многу животи што ова ќе стане уште еден Сталинград“, рече Вали во телефонско интервју за Дејли Мејл.

Инаку, овој поранешен канадски војник кој 12 години бил на различни боишта се прославил во 2017 година, кога наводно од далечина од околу 3,5 километри пукал во борец на Исламската држава, со што го соборил рекордот.