Во Србија почна предизборната кампања за престојните претседателски избори, но и предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на трети април.
И како што секогаш „бидува“ пред избори и во соседството се појавуваат мноштво спотови кои треба да ги привлечат граѓаните да излезат да гласаат за конкретната партија.
Ние денеска издвојуваме еден интересен, по малку бизарен спот на владеачката Српска напредна партија (СНС) на тамошниот претседател Александар Вучиќ, кој е повторно кандидат за претседател.
Спотот е интересен токму поради шегата дека политичарите пред избори ги гледаме секаде, па дури очекуваме и да „излезат од фрижидерот“, но Вучиќ во овој спот го прави токму тоа – излегува од фрижидерот.
Спотот почнува со кадар кој прикажува маж и жена кои гледаат телевизија, а во позадина се слуша гласот на Александар Вучиќ, на што мажот вели: „Леле, пак овој“.
Жената станува и оди до кујната, а попатно коментира дека „недостига само и од фрижидерот да излезе“, но кога стигнува до фрижидерот, тој навистина излегува од таму.
– Навистина излеговте од фрижидерот, вели жената, на што Вучиќ и одговара: „Знам, извинете, но важно ми е да допрам до секој граѓанин на Србија. Многу работи се уште треба да се решат“.
Претходно СНС објави и друг бизарен спот преку кој Вучиќ им порача на Србите дека не мора да го сакаат, ниту пак да им биде симпатичен, но резултатите на Владата си го покажуваат своето.
View this post on Instagram