Двојазични ознаки на униформите на полицијата во Скопје, одлучи Владата – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/22 7:59 PM

Двојазични ознаки на униформите на полицијата во Скопје, одлучи Владата

Во Скопје и во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, ознаките на униформата на полицијата ќе бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој што го зборува малцинството.

Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата е донесена вечерва на владина седница.

– Оваа Уредба е донесена врз основа на Законот за употреба на јазиците, каде што според член 8 став (3) е утврдено дека униформите на полицијата во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Уредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник”, а ќе почне да се применува во текот на една година од денот на влегување во сила.

МИА

фото: МВР