Со акутниот глад во Авганистан сега се соочуваат 23 милиони луѓе, соопштија во вторникот Обединетите нации, истакнувајќи дека неверојатни 95 отсто од населението не јаде доволно, а во женските домаќинства дури сто отсто.
Во јуни, еден месец пред талибанците да ја преземат власта во земјата, бројот на луѓе кои се соочија со акутен глад беше 14 милиони, се вели во изјавата на заменик специјалниот пратеник за хуманитарни прашања д-р. Рамиз Алакбаров.
Но, сега таа бројка е 23 милиони луѓе, а Авганистанците се соочуваат со недостиг на храна и криза на неухранетост од невидени размери. Брзиот пораст ги принуди семејствата да се свртат кон очајни мерки како што се прескокнување оброци или земање невидени нивоа на заеми за да се прехранат, според официјален претставник на ОН.
„Во Авганистан, неверојатни 95 отсто од населението не јаде доволно, а тој процент се зголемува на речиси 100 отсто во женските домаќинства. Тоа е сурова реалност“, рече Алакбаров.
Многу луѓе во Авганистан долго време живеат во сиромаштија, но со падот на меѓународно признатата влада и враќањето на Талибанците на власт минатата година, десетици илјади луѓе го загубија главниот извор на приход, пренесува хрватски Индекс.
Меѓународните фондови за развој се прекинати, а резервите на авганистанската централна банка од над 9 милијарди долари се замрзнати, што предизвика финансиска катастрофа во земјата. И покрај милионите долари кои пристигнуваат во земјата преку пакетите за хуманитарна помош на ОН, економијата на земјата останува во слободен пад, пипшува индекс.хр.