Фудбалската легенда, поранешен репрезентативец, Илчо Наумоски, викеднов со Виена направи мини свадба со неговата свршеничка Сара Станковски од Ниш, српска ракометна репрезентативак.
Илчо и Сара решија во Виена да го скопат граѓанскиот брак и да направат свадба, каква што дозволуваат австриските протоколи. Со 30тина најблиски младоженците се заколнаа на вечна љубов.
– Сара е во седмиот месец од бременоста и затоа сега го склопивме бракот. Очекуваме син и уште сега знаеме дека ќе се вика Милан, по татко ми. По склучување на бракот во најубавата општина Балјак, каде се вечаваат многу познати лица, заминавме во ресторанот СФРЈ, многу познат ресторан во Виена, за мене најубав, бидејќи го викаат балкански, ги спојува сите што се од екс Југославија, а живеат во Виена, вели Илчо за ММС.
Младенците биле во Белград за да ја купат свадбената гардероба. Илчо не кажува колку пари потрошиле за тоа, но открива кој бил главен за бурмите.
-Сара ги одбра бурмите и тие се купени во Белград, ни рече Илчо и додаде дека секако ќе има голема македонска свадба, но тоа не се знае кога.
„Прво и најважно е да се роди бебето, па потоа ќе мислиме за свадбата. Ако се смират мерките поради пандемијата секако ова лето, но ако остане вака ограничено свадба може да правиме и следното лето“, рече тој за ММС.
Илчо и Сара купиле стан во Виена, крај Дунав и сега го средуваат по нивен вкус.
– Виена за мене е најубавиот град во светот. Сум живеел во многу градови, кај се не ама Виена навистина е најубава. И тука сакам да ни се роди бебето, додаде тој.
Илчо во моментов е тренер на австриски фудбалски клу, кој во оваа сезона изигра осум натпребари и освоија осум победи. Сара до декември ќе паузира од ракометот, а после сигурно дека ќе продолжи понатаму.
Женачката на Илчо беше вистинско изненадување, бидејќи беше познатиот ерген.
-Кога ќе ја запознаеш жената, која едноставно ти одговара, тогаш играта навистина заврши. Со Сара се прифативме такви какви што сме, свативме дека сме создадени еден за друг. Не беше љубов на прв поглед, но уште кога се запознавме се појави хемија мегу нас. Не знам, некој знак имаше во воздухот, вели Наумовски.
Илчо заедничката животна приказна со Сара да ја почнеа пред неколку месеци во Крушево, каде клекна на колена и ја побара нејзината рака.
Сара е помлада од мене 10 години. Морам да признам дека на стартот се појави хемија од двете страни и едноставно тргна. И стасавме до планови за заеднички живот, рече Илчо за ММЦ веднаш по свршувачката.
Весна Миленковска