„Банкрот блуз бенд“ по 30 години се враќа во чест на Блаже Конески – „Починка“ во блузерски стил – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/22 11:06 AM

„Банкрот блуз бенд“ по 30 години се враќа во чест на Блаже Конески – „Починка“ во блузерски стил

По 30 години пауза легендарниот состав „Банкрот блуз бенд“, во кој дел беа Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе,  се собраа повторно, за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески.

Овие троица музичари направија обработка на неговата песна „Починка“, во нивен блузерски стил. Аранжманот го направи Игор Атанасоски – Харе, а продукцијата е на Мите Димовски  од студиото „Тралала“.

-Да ја прославиме 100 годишнината од раѓањето на великанот Конески со убава македонска песна, вели Гуру Харе.

Песната е прв пат изведена на Скопски фестивал во 1976 од легендарната пејачка Зденка Ковачичек.  Музика за оваа песна ја направил Љупчо Константинов, а текстот, се подразбира, големиот Блаже Конески.

(В.М.)