Познатиот украински танчер Максим Чмерковски успеал д аја напушти земјата и да побегне на сигурно.
Несвесен што ќе се случи, Максим, кој со години живее во Америка, се вратил во родната Украина за да учествува на танцовиот натпревар.
Во моментот кога започнала војната и откако бил приведен за време на полициски час во Киев, танчерот сфатил дека мора да избега од Украина и да стигне до семејството во Америка.
View this post on Instagram
И покрај тоа што на мажите од 16 до 60 години им е забрането да ја напуштат Украина, Максим успеал да ја напушти земјата со помош на американскиот пасош, а денес кога слободно шета со семејството предизвикува гнев кај многумина затоа што не останал да ја брани својата земја.
Денес кога е во Лос Анџелес со сопругата и ќерката и самиот изјави дека жали што не останал.
“Се чувствував посрамено во тој воз, јас бев единствениот маж меѓу сите тие жени и деца. Се срамам. Се чувствувам лошо и вознемирено”, рекол Максим за време на гостувањето во една емисија.
Извор: nova.rs
Фото: Инстаграм