Сосема исти, а размислуваат различно – Двојникот на Путин сега е во голем проблем – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/22 9:38 PM

Сосема исти, а размислуваат различно – Двојникот на Путин сега е во голем проблем

До пред еден месец добро живееше Славек Собала од Полска, сопственик е на транспортна компанија, а екстра пари заработил како двојник на рускиот претседател Владимир Путин.

За тоа сега го обвинуваат..

Славек Собал има среќа или несреќа да личи многу на рускиот претседател Владимир Путин. 53-годишниот Полјак во последните осум години заработува екстра пари имитирајќи го Путин и секогаш уживал во својата работа.

– Имам сопствена транспортна компанија, работам во текот на денот, но тоа беше голема дополнителна заработка. Неколку пати сме ја посетиле Англија, Кина и секако Русија – вели Собал, чиј живот се влоши откако почна конфликтот во Украина, пишува Дејли Стар.
– Порано најголемиот проблем на жена ми беше што луѓето постојано ме запираат и бараат фотографија, но сега сме навистина загрижени. Во мојот град Вроцлав работат многу Украинци – ја започнува приказната Славек и веднаш додава:


– Се плашам дека некој ќе стане агресивен кон мене. Јас не сум симпатизер на Путин, моето мислење за него се смени откако тој ја започна инвазијата. Стојам покрај Украина и нивното право да се борат за својата слобода и своја држава.

Запрашан што би направил доколку оствари средба со Путин, Славек има подготвен одговор:

– Би го прашал како двајца такви слични луѓе можат да размислуваат толку поинаку – вели овој човек, кој побарал од полската амбасада да договори средба со Путин, но, се разбира, бил одбиен …

Многу негови сонародници негодуваат што се збогатил со Путин, но тој тврди дека тоа го направил за забава, а не поради пари …

Извор: espreso.co.rs

Фптп: Принтскрин видео Јутјуб