Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон (37) најави дека оваа сезона ќе настапи под целосното име Луис Хамилтон-Ларбалеистер во чест на неговата мајка Кармен Ларбалестиер.
Тој рече и дека има намера да ја освои рекордната осма титула под тоа име.
View this post on Instagram
„Бидејќи не ја разбирам целосно идејата дека ќерките го губат презимето кога ќе се венчаат, решив дека сакам да продолжам со нејзината семејна лоза“, рече Хамилтон за време на неговиот престој на Експо во Дубаи.
Родителите на Хамилтон се развеле кога тој имал две години, а Хамилтон до својата 12-та година останал да живее со мајка си и двете постари полусестри.
Во недела во Бахреин започнува новата сезона на Светскиот куп во Формула 1.
Извор:vecernji.hr
Фото: Инстаграм