Францускиот претседателски кандидат на екстремната десница, кој инаку е голем љубител на Кремљ и Владимир Путин, денеска доби јајце во главата додека излегуваше од автомобилот за време на турнеја во рамки на кампањата.
На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како Ерик Земур излегува од автомобилот кога човек му приоѓа и буквално му крши јајце на глава.
Éric Zemmour reçoit un œuf sur la tête à son arrivée à Moissac ce samedi pic.twitter.com/YUUqg6mEgb
— BFMTV (@BFMTV) March 12, 2022
Тој е еден од 11-те претседателски кандидати кои ќе се борат против актуелниот претседател Емануел Макрон на изборите следниот месец во Франција.
Тешко е да се каже кој од потезите и грозоморните изјави наиде на ваква реакција кај лут граѓанин. Дали е негово мислење дека украинските бегалци не треба да се примаат само така, евентуално оние кои докажуваат дека се поврзани со Франција?