Осум починати, нови 277 случаи со Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/22 2:46 PM

Осум починати, нови 277 случаи со Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи со КОВИД-19, осум починати и 132 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 277 случаи од Скопје се 141, Прилеп – 23, Битола – 20, Куманово – 17, Кавадарци – 14, Велес и Охрид – по 9, Кичево и Струмица – по 7, Гостивар, Крива Паланка и Струга – по 4, Гевгелија – 3, Богданци, Кочани, Неготино, Ресен и Тетово – по 2, Валандово, Дебар, Кратово, Крушево и Штип.

Од вкупниот број на позитивни (277), регистрирани се 44 реинфекции.

Од осумте починати пет се Скопје (60г, 79г, 80г, 84г и 86г) и по едно починато лице од Кичево (69г), Неготино (68г), и Струмица (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени шест починати лица од: Тетово (2), Велес (1), Скопје (1), Куманово (1), Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 41г до 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 28.02.2022 до 03.03.2022 година. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички услови и 3 лица во домашни услови. Од вкупно регистрираните починати лица (14), кај 12 лица се регистрирани коморбидитети, а 2 лица се пријавени без коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.920.186 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а на активни случаи изнесува 2.178.

Три градови во државата- Делчево, Пехчево и Дојран немаат ниту еден активен случај на Ковид 19.