Русите продаваат хамбургери и сосови од „Мекдоналдс„ на интернет – цени до 400 евра! – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/22 9:00 PM

Русите продаваат хамбургери и сосови од „Мекдоналдс„ на интернет – цени до 400 евра!

Русите продаваат храна и суплементи од синџирот на исхрана на Мекдоналдс преку Интернет, откако компанијата објави дека ја напушта Русија.

На една руска страница за онлајн продажба, можете да најдете бројни производи од Мекдоналдс – од целото мени до сосови, па дури и шеќер.

„Продавам ретко пакување појадок од Мекдоналдс. Неверојатното пакување на руладата ќе ве стопли со спомени од старите денови“, напишал еден огласувач во огласот, а цената на пакувањето е околу 5.000 рубли, што е приближно повеќе од 38 евра.

„Го продавам легендарниот пакет од Медоналдс, нема да ги има повеќе од овие, последна е шанса да го продадам по добра цена“, напишал друг со фотографија од менито од Мека кога продава по цена од 60. евра.

Некои продаваат чизбургери, пилешки хамбургери, Биг Мек…

„Биг Мек 2 парчиња, чизбургер 2 парчиња, хамбургер 2 парчиња, хамбургер 2 парчиња, пилешки мекнагетс 9 парчиња, сос од сирење 2 парчиња. Произведен на 9 март 2022 година. Неотвореното пакување го испраќам по курир. Уште топло!”, стои на еден оглас. Цената? 50.000 рубли или околу 384 евра.

Русите во моментов можат да купат вреќа шеќер од Мекдоналдс по цена од 1.000 рубљи, околу 7 евра, пита со вишни за 33 евра, а големи пакувања познати сосови од Мек за околу 5 евра.

“Оригинален хамбургер од Мекдоналдс. Купен во 12:45 со вклучена сметка. Ќе го јадам вечерва, побрзајте”, напишал еден Русин со фотографија од хамбургерот кој се обидува да го продаде за 230 евра.

Инаку, на социјалните мрежи се проширија снимки на кои се гледаат колони од автомобили кои наводно се создадени кога се прошири веста дека Мекдоналдс ги затвора рестораните во Русија.

Компанијата вчера објави дека привремено ги затвора сите 847 ресторани во Русија како одговор на рускиот напад врз Украина. Извршниот директор Крис Кемпчински рече дека синџирот ќе го паузира бизнисот во Русија, но дека ќе продолжи да ги плаќа руските работници, а непрофитната организација Ronald McDonald House Charities ќе продолжи да работи.

извор: B92.net

Фото: Printskrin/Avito.ru

фото: www.rts.ch/