Нова вест: Трудницата од Мариупол е украинска блогерка и глуми – Мариана обвинета дека е „кризен актер“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/22 7:00 PM

Нова вест: Трудницата од Мариупол е украинска блогерка и глуми – Мариана обвинета дека е „кризен актер“

Украинските власти во средата соопштија дека руските сили бомбардирале породилиште во Мариупол, по што Русија соопшти дека болницата е упориште на националистите. Фотографиите од болницата и пациентите го обиколија светот, на една од нив е прикажана трудница, која наводно станала цел на напад.

На фотографијата се гледа трудница со исеченици на лицето, покриена со ќебе, како се спушта по скалите носејќи ќеси. Зад неа се двајца мажи, најверојатно војници, кои исто така носат некои работи.

Фотографиите од трудницата, но и од оштетената болница го обиколија светот, а медиумите денес пишуваат дека  таа наводно е украинска блогерка. Според нив трудницата на сликата е Маријана Подгурскаја.

Потоа на социјалните мрежи се појави информација дека Маријана се породила синоќа околу 22 часот и родила девојче.


– Добро се, но во Мариупол е многу студено и бомбардирањето не престанува – пишува во соопштението на Твитер, а се однесува на братучетката на Маријана.

Оваа информација, сепак, не е официјално потврдена.

Откако нејзините фотографии од болница го обиколија светот, медиумите пишуваат дека Маријана станала цел на нападот и дека наводно била обвинета дека е „кризен актер“.

Наводно Маријана на социјалните мрежи почнала да добива грди коментари на нејзините профили во кои се доведува во прашање вистината за нејзините повреди и се доведува во прашање нејзиниот вистински идентитет.


Некои Украинци почнаа да ја поддржуваат, вклучително и активистката Олександра Матвијчук.

Маријана се уште не се огласила во оваа прилика, ниту од фотографијата потврдила дека е бремена, ниту дали се породила.

Да потсетиме, видеото од нападот на породилиштето го објави и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана ги коментираше извештаите за наводните руски напади врз детската болница и породилиштето во Мариупол, велејќи дека руската армија наводно не извршила никакви дејствија во овој град.

– Воздушниот напад што наводно се случил во Мариупол не е ништо друго туку провокација чија цел е да се поттикне антируска хајка – изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија на седницата на Советот за безбедност на ОН кажала дека украинскиот националистички баталјон Азов како своја база го користи породилиштето во Мариупол.

– Претходно, украинските националисти ги извадија сите идни мајки и персонал од породилиштето – изјави Лавров по разговорите со украинските и турските колеги Дмитриј Кулеб и Мевлут Чавушоглу.

– Слушнавме патетична реторика за некои злосторства кои наводно многупати биле извршени од руската армија. Пред три дена, на 7 март, нашата делегација на седницата на Советот за безбедност на ОН презентираше докази дека предметното породилиште одамна е окупирано од баталјонот Азов и други радикали – рече Лавров.

Тој додаде дека сите идни мајки, сите медицински сестри и другиот персонал се изнесени надвор.

Потоа рускиот амбасадор во ОН покажа слики од инфлуенсерката ппвторувајки дека таа „се претставува како две различни жени“ во породилиштето во Мариупол.

Украинскиот претставник рече дека таа родила девојче.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/