Еден повреден во сообраќајка кај Дујлето во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/22 8:17 AM

Еден повреден во сообраќајка кај Дујлето во Штип

Две патнички возила се судрија изутрината околу 7.30 часот во Штип, кај Дујлето на спојот со улицата „Карл Маркс“. Едно лице е однесено во болница. Од Клиничката болница потврдија дека е донесен повреден, но дека по прегледите ќе се знае повеќе за тежината на повредите.

Не се знаат други детали, додека полицијата врши увид.

На фоторепортерот на ММС не му беше дозволено да фотографира, што не е прв пат од страна на штипската сообраќајна полиција. Ваквото однесување ќе биде пријавено пред надлежните органи, ЗНМ и ОБСЕ.