(Видео) „Зборувате за Русија, а каде се децата од Авганистан?“ – Пратеничката Клер Дали за лицемерието во Европскиот парламент – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/22 11:44 PM

(Видео) „Зборувате за Русија, а каде се децата од Авганистан?“ – Пратеничката Клер Дали за лицемерието во Европскиот парламент

Ирската парламентарка од Даблин, Клер Дали, пратеник во Европскиот парламент,  одржа лекција, како ретко кој до сега прозборел така отворено. Дали, која е претставник на независните социјалисти,   не само што го напрадна Путин, туку и европарламентарците го потсети на Авганистан и праша: Која е разликата?

Нејзиното излагање таа го сподели на својот Твитер профил со објаснување: „Во меѓувреме во Авганистан … десетици илјади бараат засолниште; пет милиони деца се соочуваат со глад; 500% зголемување на детските бракови; децата се продаваат за да се прехранат семејствата… Не се споменува тоа. Боже мој, тие сигурно се прашуваат што ја прави нивната хуманитарна криза толку неважна“.

Погледнете го говорот на Дали, која со збор го патосираше лицемерието во Европскиот парламент.

-Без сомневање, живееме во времиња на катастрофални кризи кога животите на невини цивили се жртвуваат за господарите на војната. Да, во Украина, но е само таму! Од последната наша пленарна седница, десетици илјади Авганистанци мораа да избегаат во потрага по храна и безбедност. Пет милиони деца се соочуваат со глад, односно со агонизирачка и болна смрт. 500%  е пораснат бројот на детски бракови и продадени деца, за да можат да преживеат. И да потсетиме ли, ни овде, ни никаде, нема целодневни тв известувања, нема итна хуманитарна реакција, нема специјални пленарни седници, нема авганистанска делегација, нема изјави, рече таа и додаде:


-Па тие луѓе мора да се прашуваат зошто нивната хуманитарна катастрофа е толку небитна? Дали заради бојата на нивната кожа, дали затоа што не се бели, дека не се европејци? Или пак затоа што нивниот проблем доаѓа од американското оружје и американската инвазија? Затоа што одлуката таа земја да биде ограбена ја донесе американски деспотски прететдател, а не руски? Сите војни се зло и сите жртви заслужуваат поддршка, но додека тоа сите не го разбереме, ние овде немаме ама баш никаков кредибилитет, рече таа.