Само неколку часа откако го обиколи светот веста дека Илон Маск и Грајмс го добија своето второ дете, пејачката објави дека раскинале по втор пат.
Грајмс се огласи на својот Твитер профил каде потврди дека таа и најбогатиот човек на светот повторно ја прекинале врската.
„Јас и Елон повторно престанавме да ја пишуваме оваа статија, хаха, но тој е мојот најдобар пријател и љубовта на мојот живот“, напиша пејачката само неколку часа откако светските медиуми објавија дека таа и Маск добиле уште едно дете.
Me and E have broken up *again* since the writing of this article haha, but he’s my best friend and the love of my life, and my life and art are forever dedicated to The Mission now, I think Devin wrote that part of the story rly well. Sique – peace out
— 𝔊𝔯𝔦𝔪𝔢𝔰 (⌛️,⏳) ᚷᚱᛁᛗᛖᛋ (@Grimezsz) March 10, 2022
Пејачката за Vanity Fair откри дека на својата ќерка и го дале името Exa Dark Sideræl, но дека ја нарекуваат Y. Парот веќе има син на кој му дале име X Æ A-Xii.
Y ја роди сурогат мајка, неколку месеци откако Грајмс и Маск раскинаа по три години врска, а се пишуваше дека милијардерот има нова девојка.
Извор: nova.rs