Грчки „Интракат“ да му плати два милиони евра на „Бетон- Штип“ – нема повторување на судењето – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/22 3:35 PM

Грчки „Интракат“ да му плати два милиони евра на „Бетон- Штип“ – нема повторување на судењето

По рочиштето од 28 февруари, Основниот суд од Штип го одби барањето на грчката компанија „Интраком“ да се дозволи повторување на постапката, која е завршена и е со правосилно решение од 25 февруари 2020 година. Грчката компанија се обиде да докаже дека не била уредна доставата на извршното решение за плаќање на долгот на „Бетон – Штип“.

За изведените работи, како подизведувач на зградата на новата Клиничка болница во Штип, „Бетон Штип“ во стечај, преку судски платен налог од „Интраком“ побарува за наплата долг од 124.974.329,00 денари.

На „Интракат“ и’ останува можноста за жалба, додека на Министерството за здравство ќе му остане аргумент помалку зошто забавено се гради болницата. Во еден од последните одговори на новинарско прашање од МЗ зошто не се гради, беше одговорено дека додека не се реши спорот меѓу двете компании, болницата не може да продолжи со градба. Меѓутоа, извесно е дека со повлекувањето на последната транша од проектираните средства на Банката на Советот на Европа, болницата остана без финансирање. Но, и покрај тоа, во текот на декември и јануари, МЗ на грчката компанија исплаќала средства, што, како што соопшти Министерството,  вкупно изнесуваат над 11 милиони евра.