Фудбалската федерација на Македонија донираше вкупно 4.200 топки на повеќе основни училишта и клубови од Детската фудбалска лига.
Донација во фудбалски топки за машки фудбал од ФФМ, како што е соопштено денеска, добија 76 основни училишта од целата држава, а на други 24 училишта им се донирани топки за развој на женскиот фудбал.
Со донацијата се опфатени и вкупно 131 клубови, кои партиципираа во шесте региони од Детската лига на ФФМ, како и повеќе од 570 екипи, кои се натпреваруваат во шест категории за фудбалери родени од 2009. до 2014 година.
МИА
фото: ФФМ