Утрово на гинекологија Чаир се роди првото бебе од Украина во Македонија. Оваа вест на својот Фејсбук профил ја сподели министерот за здравство, Беким Сали, кој на бебето му посака многу среќни моменти.
-Убави вести ни доаѓаат од гинекологија во Чаир. Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3.890 кг и долго 54 см. Оксана и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце. Во разговорот со Оксана, таа ме информираше дека е задоволна од здравствената услуга и дека одлично се чувствува.И посакав добро здравје и многу среќни моменти, напиша министерот.