Војна и математика: Ги собрал датумите од светските војни и инвазијата на Русија и добил ист број! Зошто бројот се смета за библиски? – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/22 9:00 PM

Војна и математика: Ги собрал датумите од светските војни и инвазијата на Русија и добил ист број! Зошто бројот се смета за библиски?

Патрик ги собрал бројките од датумите на почетокот на светските конфликти и добил една иста сума. Додека некои твитерџии велат дека сè заедно е интересно, други велат дека веројатно сè заедно не значи ништо.
Претприемачот Патрик Бет-Дејвид забележал необична врска помеѓу датумот на почетокот на Првата и Втората светска војна и почетокот на руската инвазија на Украина.


Тој објасни дека гледа на се како на математичка формула и со собирање на бројките на 28 јули 1914 година, денот кога започна Првата светска војна, Патрик го добил бројот 68.
Истиот број е добиен со сумирање на 1 септември 1939 година, датумот на почетокот на Втората светска војна, како и руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
– Бројот 68 се користи еднаш во Библијата. Зборовите царство и битка се употребени 68 пати во Библијата, вели една Твитер корисничка за теоријата на Патрик.
„Светот се одвива во математички модели. Ја гледам поентата во тоа што го споделивте“, „Дали тоа значи нешто? Веројатно не. Но сепак е интересно“, напишаа други луѓе на Твитер.

Извор: 24sata.hr