Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев денеска се прости од Мекдоналдс.
Тој рече дека во Русија знаат сами да прават плескавици и кифлички.
Тој додаде дека истото би можеле да го направат и бизнисмените кои се санкционирани од западните земји, пренесува РИА Новости.
„Можеме сами да правиме плескавици и кифлички со одличен квалитет. Патем, тоа би можеле да го направат бизнисмени кои се под санкции. Здраво Мекдоналдс!“, напиша Медведев на социјалната мрежа Вконтакте.
Извршниот директор на Мекдоналдс Крис Кемпчински на 8 март објави дека сите ресторани на таа компанија во Русија се привремено затворени.
Мекдоналдс е една од низата глобални компании кои ја прекинаа работата во Русија по почетокот на воената операција во Украина.
извор: B92.net
фото: www.rts.ch/