Ги убиваат и силуваат без милост – Шест држави во светот каде жените живет пеколен живот – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/22 11:07 AM

Ги убиваат и силуваат без милост – Шест држави во светот каде жените живет пеколен живот

Позицијата на жената е прашање што веќе не е доведено во прашање во многу земји. Тие ја освоија родовата еднаквост во 1950-тите, а во последните години сме сведоци на жени на многу водечки позиции, па дури и на државници.

Но, во некои земји ситуацијата не е таква, а тоа што живееме во време на напредок во секоја смисла, не важи таму. Во нив жените сè уште немаат речиси никакви права, а нивниот живот таму е многу тежок.

Пакистан
Жените во Пакистан често се жртви на семејно насилство, а оваа земја се уште нема закон против семејно насилство во 21 век. Во некои племенски области, жените се силувани за злосторства извршени од нивните мажи, а убиствата се се почести. Вознемирувачки е и фактот што околу 90 отсто од жените во Пакистан барем еднаш во животот доживуваат некаков облик на насилство, а тие заработуваат дури 82 отсто помалку од мажите.

Индија
Индиските жени, исто така, често се жртви на семејно насилство, трговија со луѓе, а многу од нив мораат да склучуваат договорени бракови, дури и како девојчиња. Индија има висока стапка на ХИВ-позитивни луѓе, а 39 отсто од заразените возрасни се жени.Според некои официјални податоци, во оваа земја се прават злосторства врз жените на секои 3 минути, на секои 29 минути се силува една жена, а на секои 77 минути по една умира поради физичко малтретирање на сопругот или на друг маж.

Сомалија
Граѓанската војна, која со години трае во оваа земја, ја префрли жената од позицијата на столбот на семејството на крајно неповолна. Дури 95 отсто од девојчињата во Сомалија се соочуваат со генитално осакатување на возраст од 4 до 11 години. Жените во оваа земја ретко се вработени и заземаат само 7,5 отсто од пратеничките мандати, додека само 9 отсто од нив работат во здравствена установа.

Гватемала
Податоците од Гватемала сведочат дека не се само жените во Африка, Индија и муслиманските земји кои се во угнетена положба. Таму жените често се жртви на насилство, силување, а бројот на заразени со ХИВ вирусот е на списокот веднаш по Субсахарска Африка.

Демократска Република Конго (ДРК)
Во источниот дел на ДРК, војната, која однесе над 3 милиони животи, повторно избувна со жени на линијата на фронтот. И овде жените секојдневно се жртви на насилство, особено од вооружените сили и одметнати вооружени војници. Околу 1.100 жени биле силувани секој ден, а повеќе од 200.000 биле силувани од 1996 година. Жените од Конго не можат да добијат документи без дозвола на нивниот сопруг.

Авганистан
Просечниот животен век на една жена во Авганистан е 45 години. Благодарение на 30-годишната војна, многу жени останаа неписмени, а повеќе од половина од сите жени стапуваат во брак пред да наполнат 16 години. На секои половина час по една жена умира при породување, а околу 85% од нив се пораѓаат без никаква медицинска помош. Жените овде често се жртви на силување, а според законот на оваа земја мора да се омажат за оној кој ги силувал.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/