Полската гранична служба соопшти: „Тоа момче од виралното видео не ја поминало само границата“
Си-Ен-Ен објави видео на кое момче во солзи ја минува полската граница, но како што велат од полската граница, момчето било со семејството и добивало слатки од вработените
Снимката од четиригодишно момче од Украина како во солзи ја минува границата со Полска само со пластична кеса го обиколи светот, но Полјаците од границата тврдат дека момчето не било само. Видеото го објави Си-Ен-Ен и ја потврди нејзината автентичност.
– Четиригодишното момче Валериј од Украина всушност било со семејството, а на граничниот премин Медика добило слатки од полицајците – се наведува во соопштението на полската гранична служба.
Имено, на видеото кое го објави Си-Ен-Ен се гледа како момче оди кон границата, а зад него има група возрасни.
Но, како што напиша Си-Ен-Ен, момчето како да шетало само со торба во рака и плачело.
извор: 24sata.hr