Француски научници работат на откривање на канцерогени клетки со помош на мравки, односно нивното развиено сетило за мирис, резултатите се охрабрувачки, јави дописникот на МИА.
Откривањето на карциномот е големо јавно здравствено прашање, но методите кои се достапни во моментов, на пример, МРИ или мамограми, често се скапи и инвазивни, што ја ограничува нивната употреба во голем обем.
За да се надминат овие ограничувања се проучуваат алтернативни методи како што е употребата на сетилото за мирис на животните. Тим научници од ЦНРС, Универзитетот Сорбона Париз Норд, Институт Кири и Инсерм1 демонстрираа перформанси на еден вид мравки, Formica fusca, во оваа област.
Откако ги научија неколку минути, овие инсекти кои го користат мирисот за секојдневните задачи, успеаја да ги разликуваат здравите човечки клетки од канцерогените човечки клетки.
Со анализа на соединенијата што ги емитираат различните клетки, научниците покажаа дека секоја клеточна линија има свој мирис што може да го користат мравките за да ги детектираат.
Ефективноста на овој метод мора да се процени преку клинички тестови на целосен човечки организам, но оваа прва студија го покажува високиот потенцијал на мравките, способни да учат многу брзо, по многу пониска цена, и истовремено се ефикасни. Овие резултати може да се најдат во списанието ИСциенс.
МИА
Фотографија: https://unsplash.com/