Британскиот тајкун Ник Кенди наскоро би можел да стане нов сопственик на Челзи, бидејќи тамошните медиуми пренесуваат дека е подготвен да му прати понуда на Роман Абрамович до крајот на неделата!
„Дејли мејл“ истакнува дека Кенди е во преговори со група американски инвеститори и тие се подготвени да формираат конзорциум, а единствена пречка е висината на обештетувањето што Абрамовиќ ја бара за Челзи.
View this post on Instagram
Наводно, Русинот бара три милијарди, додека Кенди и неговата група сметаат дека цената треба да биде нешто пониска и дека клубот не вреди толку.
Кенди е долгогодишен обожавател на Челзи и е оженет со австралиската актерка со српско потекло Холи Валанс. Тоа е ќерката на поранешниот српски модел и пијанист Рајко Вукадиновиќ, која ја доби од Рејчел Стивенс.
Холи е родена во Австралија и има одиграно голем број улоги во серии и филмови. Се издвојуваат “Prison Break”, сериите “CSI Miami” и “CSI New York”, како и филмовите “Taken” i “Dead or Alive”.
Токму во второто од 2006 година стекна голема слава со сцена во хотелска соба после туширање, кога го покажа својот атрактивен изглед како „крадец и убиец“.