Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на жените на Русија по повод „8 Март“, а во своето обраќање ја цитираше поранешната царица Катерина Велика.
Во времето на Катерина, Крим и регионот северно од Крим станале дел од Русија и таа донела одлука тој дел од поранешната империја да го нарече Новорусија. Таа го основала и градот Одеса.
Putin quoting Empress Catherine the Great in his International Women’s Day address: “I will defend my homeland with tongue and pen and sword as long as there’s enough life in me.” pic.twitter.com/ox9JJBN2L9
— Russians With Attitude (@RWApodcast) March 8, 2022
– Денеска би сакал да ве потсетам на зборовите напишани од една голема жена која во Русија ја нарекувале „Мајка“. Тоа е царицата Катерина Велика, чија скулптура е поставена овде во Кремљ. Таа не беше Русинка по раѓање, но беше горда што стана Русинка. „Ќе ја бранам татковината со мојот јазик, пенкало и меч се додека има живот во мене“, ја цитираше Путин поранешната руска царица.