На шопинг без сертификат ама во „кафана“ не- Владата ги усвои предлозите на КЗБ – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/22 10:27 PM

На шопинг без сертификат ама во „кафана“ не- Владата ги усвои предлозите на КЗБ

На денешната седница на Владата прифатени се предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците од Ковид-19 кои дојдоа како препораки на Комисијата за заразни болести (КЗБ).Согласно овие предлози Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување Ковид-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на Ковид-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови.Владата денеска го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест од Ковид-19, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат.Во врска со оваа точка, Владата донесе одлука да се укине барањето за задолжителен Ковид-19 сертификат за излез од територијата на Република Северна Македонија.