Целото внимание на српскиот Избор за песна на Евровизија, Беовизија, го привлече диригентот кој ја воодушеви јавноста и со своето еуфорично расположение ги освои симпатиите на публиката.
Многумина коментираат дека диригентот на Големиот ревијален оркестар на РТС, Филип Булатовиќ, го „украде“ шоуто, а социјалните мрежи не престануваат да коментираат поради тоа.
„Диригент на ревијалниот оркестар на РТС, најголемото лице вечерва. Тој и сите 18 изведувачи зад него“, „Украдено шоу“, „Каков крал“, „Диригентот е крал“, се само дел од многуте коментари за Филип на Твитер.
Dirigent je car, ukrao šou! pic.twitter.com/1X60j8SUUa
— Car Šćepan Mali (@ScepanCar) March 7, 2022
„Ми беше смешно кога луѓето пишуваа: „На што е овој диригент, има ли некој број од овој диригент да го најдам неговиот дилер“, коментираше диригентот во емисијата на К1.
Филип Булатовиќ е еден од српските најталентирани автори на џез, поп, фанк и фјужн музика, кој е роден во Белград, а живее и работи во Њујорк.