Дали знаевте дека нултата крвна група е поотпорна на многу опасни болести? Истражувањата покажаа и дека има послаби крвни групи.
Кардиоваскуларните заболувања, мозочните и срцевите удари и другите опасни болести поврзани со нив, најмалку ги погодуваат луѓето со нулта крвна група. Затоа луѓето кои ја имаат оваа крвна група се меѓу најотпорните луѓе.
Покрај отпорноста на овие болести, истражувањата велат дека овие луѓе живеат многу подолго од другите. Можна причина за тоа е што тие се отпорни и на некои видови рак, како што се ракот на панкреасот и желудникот.
Нула крвната група е силна поради згрутчувањето на крв
Мозочниот удар и срцевиот удар се последици од згрутчување на крвта, односно слаба коагулација на крвта, а крвната група 0 содржи најмалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта.
Според научниците, менталната болест има иста причина како и кардиоваскуларните болести, па срцето и мозокот се поврзани. Така, заклучуваме дека луѓето со нулта крвна група имаат помали шанси да развијат ментална болест или Алцхајмерова болест.
Најслаба крвна група
Крвната група А, според некои експерти, е послаба од другите. Но, не е направено детално истражување на оваа тема. Овие луѓе се најмалку отпорни на маларија.
Ивор: srbijadanas.com