„Z“ значи „За победа“ -Министерството за одбрана на Русија го објасни значењето на буквите – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/22 1:51 PM

„Z“ значи „За победа“ -Министерството за одбрана на Русија го објасни значењето на буквите

Од почетокот на воената операција, која на 24 февруари ја најави претседателот на Русија, Владимир Путин, на воените возила на руската армија може да се види буквата „Z“.
Едно од толкувањата е дека ова е знак каде се упатиле руските воени единици непосредно пред распоредувањето, тврдат воените аналитичари.

Таков симбол може да ја означи целта на возилото, но оваа ознака помага и да се спречи „пријателски оган“.

Симболи како овие се користени во други конфликти. Така имаше ознаки на возилата на американските војници во Ирак.


Како што објасни Министерството за одбрана на Руската Федерација, тие ги избрале латинските букви Z и V на нивните возила како симболи на посебни изрази.

Според Министерството за одбрана на Руската Федерација, буквата „Z“ значи „За победа“, а буквата „V“  – „Сила во вистината“ и „Задачата ќе биде исполнета“.

Едно од толкувањата е дека возилата што се испраќаат на запад се означени со буквата З, а оние што одат на исток се означени со буквата „V“, бидејќи на руски за исток се вели е „восток“.