Клубот Пежо 404 Македонија по повод денот на жената 8 Март организира изложбата на олдтајмери со наслов „Елеганција во движење на тркала и штикли”. Настанот ќе се одржи на платото пред „Сити Мол” со почеток во 13 часот.
– Како и секоја година така и оваа Во текот на годината нашиот клуб Пежо 404 Македонија заедно со истомисленици од други клубови организираме настани во градот Скопје, како и неколу целодневни рути низ Македонија.
Ке бидат поставени 30тина возила, мини шанк, и бина на која мегу другите песни нашиот најстар член и доаен на Македонската музика Томислав Манич ке ја изведе и “Црвени Рози за вас мадам”. При што за понежниот пол ке бидат поделени цвеќиња и пригодни подароци, информираат од Пежо 404 Клуб Македонија.
Клубот е здружение на граѓани кое е оформено со цел зачувување на историското наследство од областа на автомобилизмот, едукација на љубителите на истиот, негова афирмација и приближување на реставрирани возила постари од 35 години (олдтајмери) кон сите заинтересираниљубители и симпатизери на оваа икона на Француската мото индустрија.
МИА
фото: Фејсбук