Хаос во Австрија по укинувањето на ковид мерките: Луѓе паѓале во несвест чекајќи да влезат во диско – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/22 12:26 PM

Хаос во Австрија по укинувањето на ковид мерките: Луѓе паѓале во несвест чекајќи да влезат во диско

Во Австрија во саботата беа укинати речиси сите епидемиолошки мерки, а потоа имаше огромен наплив на дискотеки и клубови, кои вчера повторно беа отворени по две години. Во Оберндорф во провинцијата Салцбург напливот на луѓе во една дискотека бил толку голем што повеќе луѓе изгубиле свест поради гужвата.

Според полицијата, гостите на локалот со часови чекале пред отворањето пред угостителскиот објект. Во таа гужва и туркање неколку луѓе изгубија свест, а полицијата мораше да интервенира и да одобри порано отворање на дискотеката за да се намали гужвата.

На сите граѓани им е дозволен влез во угостителските објекти, бидејќи се укинаа правилата „2“ и „3“ Г, според кои во просториите можеа да влезат само вакцинирани, излекувани или лица со негативен тест. Сето ова важи за осум од деветте австриски провинции, бидејќи Виена се одлучила на повнимателен пат и задржала построги мерки, пренесува Политико.

Во Виена можеа да ги отворат вратите и дискотеките и ноќните клубови, но само за вакцинираните и оние кои го поминаа Ковид 19, па гужвите не беа толку големи. Меѓутоа, многу Виенци за да можат повторно да уживаат во „целосна слобода“ отидоа на места надвор од Виена, каде што беа укинати сите мерки, па тамошните клубови беа преполни со посетители.

извор: Mondo.rs