Утре (недела) во 14 часот во Скопје, кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија закажан е протест, во организација на Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“.
Организаторите ги повикуваа, како што објавија, „сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот марш“.
Од Здружението ги повикаа и сите хумани луѓе да донираат за зафатените подрачја со воените дејствија. Хуманитарната помош за Украина ќе се собира на Плоштадот Македонија секој ден во поставен шатор.