Тројца македонски државјани биле фатени при шверц на мигранти. Две возила се запленети, а сите се однесени во полициска станица.
Според МВР, синоќа околу 20 часот на регионален пат од брана Мантово кон крстосница за Неготино, поточно во близина на место викано „20-ти километар“ полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Е.Г. (33) од село Бучим, радовишко, О.Х. (34) од Кочани и Б.Ј. (38) од Конче, поради сомнение дека организирале превоз на мигранти од Сирија и други земји.
-Лицата биле однесени во Полициската станица Радовиш, а возилата „фолксваген туарег“ со радовишки регистерски ознаки, сопственост на Е.Г. и „форд мондео“ со кочански регистерски ознаки, сопственост на О.Х. биле одземени. Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл. 418-б од КЗ, соопшти МВР.